За нас
honeyBear
Нашата приказна
Пчеларник Даневи е мал семеен бизнис посветен на производство на висококвалитетен мед и пчелни производи, под брендот ХрАни. Сместен во живописна природа, нашиот пчеларник е опкружен со разновидни растенија кои им овозможуваат на нашите пчели пристап до широк спектар на извори на нектар.

Нашата пасија е производство на мед и пчелни производи со користење на традиционални методи користени со генерации на овие простори. Применуваме одржувачки и етички пристап на пчеларење и на тој начин ја обезбедуваме благосостојбата на нашите пчелни семејства и производство на висококвалитетен мед.

Нашата приказна започнува во 2009 година како хоби и желба за производство на мед и пчелни производи за нашето семејство и најблиските, а се темелеше на огромната љубов кон природата и фасцинираноста од уникатниот свет на пчелите. Со текот на годините она што започна како хоби прерасна во мал сеемен бизнис, овозможувајќи нашите врвни пчелни производи да ги споделиме со вас. Секоја тегла мед која ја произведуваме е доказ на нашата непоколеблива посветеност кон безвременскиот пчеларски занает. Посветуваме големо внимание на асортиманот на производи од мед и пчелни производи кој го нудиме. Покрај мед, нудиме голем број на пчелни производи, комбинации на пчелни производи со мед, како и комбинации од мед и други природни состојки.

Како мал семеен бизнис длабоко ја негуваме можноста да се поврземе со нашите клиенти на лично ниво. Учествуваме на домашни и меѓународни саеми и натпревари, посетуваме едукативни настани и предавања за стекнување на нови знаења и практики во пчеларството. Доказ за квалитетот на нашите пчелни производи, а воедно и доказ за нашата посветеност и љубов кон пчеларството се големиот број на награди и признанија кои ги имаме добиено.
jar
ХрАни мед - каде што традицијата се среќава со вкусот
Допирот на природата, синоним за врвност на нашиот мед
honey
bees
Најслаткиот подарок на природата во секоја капка мед
Награди
beeLine
Медали
medalOne medalTwo medalThree medalFour
Сертификати
diploma
diploma
diploma
diploma
diploma
diploma
diploma
diploma